Флојд Мејведер втора година по ред најбогат спортист

Престижниот финансиски магазин „Форбс“ ја објави листата на спортисти со најголема заработувачка во 2014-година.

Американскиот боксер Флојд Мејведер втора година по ред е убедливо најскапо платениот спортист во светот. Тој годинава заработил неверојатни 105 милиони долари. Борбата на Мејведер за шампионската титула против Канело Алварез во септември донела приход од неверојатни 150 милиони долари само од телевизиските права, дополнителни 20 милиони од оние кои ја следеле во живо, а заедно со дополнителната маркетиншка заработувачка профит од над 200 милиони долари.

Американецот е само втор спортист во историјата кој по својот сонародник голферот Тајгер Вудс во една година ја минал „магичната„ бројка од 100 милиони долари заработка. 

Интересно е тоа што меѓу „Топ 10-те“ ги нема, неприкосновениот првак во тешка категорија боксерот Владимир Кличко кој е дури 25-ти со заработка од 28 милиони долари, како и светскиот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ кој со заработени 31,1 милион долари годинава е на 17-место.

Меѓу „Топ 100“ најплатени спортисти има само три дами, и тоа тенисерките Марија Шарапова (34-та) со заработка од 24,4 милиони долари, Ли На (41) 23,6 и Серена Вилијамс (55) 23,6.

Последен во 100-ката најплатени е фудбалерот на Реал Мадрид, Луис Суарез со заработка од 17,3 милиони долари.

Листата на „Топ 10„ спортисти со најголема заработувачка годинава ја сочинуваат:

1. Флојд Мејведер (бокс)105 милиони долари

2. Кристијано Роналдо (фудбал) 80

3. Леброн Џејмс (кошарка) 72,3

4. Лионел меси (фудбал) 64,7

5. Коби Брајант (кошарка) 61,5

6. Тајгер Вудс (голф) 61,2

7. Роџер Федерер (тенис) 56,2

8. Фил Микелсон (голф) 53,2

9. Рафаел Надал (тенис) 44,5

10. Мет Рајан (американски фудбал – рагби) 43,8

04.11.2014 - 17:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега