Металург пред колапс - играчите веќе не тренираат за клубот

Кулминација на кризата која сезонава го тресе ракометниот шампион Металург. Екипа јавува дека играчите денеска не се појавиле на тренинг откако управата не го исполнила ветувањето дека ќе им ги исплати платите. по завршувањето на репрезентативните одлуки

„Неофицијално, на играчите пред десетина дена им било ветено дека до враќањето по репрезентативната пауза ќе им бидат подмирени сите обврски, а нивното разочарување пораснало откако управата на клубот повторно побарала дополнително време за да ги исплати парите што им се должат. Состанокот минал во напната атмосфера, по што ракометарите одбиле да тренираат.“ - пишува Екипа.

Играчите не сакале да ја коментираат ситуацијата и заедничко соопштение најавиле за утре.

Металург утров во 4 часот треба да тргне за Загреб за да го одигра мечот од СЕХА лигата против истиоимениот грватски шампион. Според порталот, не се исклучува можноста, Червар во Хрватска да патува со младинската екипа.

04.11.2014 - 21:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега