Женското неверство боли повеќе од машкото?

Можеби мислевте дека мажите се единствените кои бараат нешто од страна, односно се склони кон изневерување, меѓутоа причините зошто тоа го прават се разликуваат од оние на припадничките на понежната половина. Еве кои се разликите меѓу машките и женските неверства...

Зошто?

Иако причините за изневерување кај мажите се разликуваат од личност до личност, исто како и кај жените, кај припадниците на посилниот пол неверството е исклучиво физичко. Тие се склони кон тоа во одреден момент да потклекнат или да бараат необврзувачки афери. Од друга страна, кога жените изневеруваат тие тоа го прават од љубов спрема другата личност или длабокото емоционално незадоволство во тој момент од врската. Од таа причина, мажите многу ретко ги оставаат партнерките поради љубовниците, додека пак сопругите честопати бараат развод поради љубовникот.

Колку?

Мажите во неверствата имаат " две брзини", или секс за една ноќ или повеќе привремени авантури кои обично или проаѓаат сами од себе или траат додека не бидат фатени на дело. Жените за разлика од нив се впуштаат во долги врски, кои честопати и самите потсетуваат на бракови, се додека не се разведат од сопругот.

Со кој?

Мажите изневеруваат со достапни и лесни жени, а жените со тешко достапни мажи. Тоа значи дека еден од најважните фактори на машкото изневерување е ситуацијата, односно фактот дека " може". Кај жената обично најпрвин преовладува долга желба, фатална привлечност, флерт, допишување со смс, па дури после тоа се впуштаат во авантура. Поради тоа мажите честопати изневеруваат со помалку привлечни жени од нивните партнерки, додека пак жените секогаш со " подобри фраери"!

06.11.2014 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега