Татко ми е мојот личен херој

Татко ми  мојот личен херој , мојот идол , моето СЕ личноста која најмногу ја сакам личноста која ми е на прво место и која најмногу ми значи во животот - е пред се најдобар човек . Може ли некој човек да се нарече голем човек ?  По што ја проценуваме ние големината на човекот или мокта ? По неговата физичка сила ,  по неговата убавина , по неговата умствена способност ? Може ли некој човек да се нарече добар човек ? Дали тој човек е навистина доволно добар за да се здобие со ваквата титула . Дали некој човек ги поседува доволните нешта за да биде почитуван. Голем човек не е човек што има неизмерно богатство , пари , слава , мок  . Големиот  човек е оној човек кој остава нешто вредно зад себе си . Нешто што можеби ке ги натера другите да размлисуваат на начинот на кој тој размислувал , нешто што ке ги натера другите да почнат да го прават тоа што тој го правел , затоа што со самото негово постоење , неговото подучување и постапки тој придонесувал за подобрување на иднината.

Придонесувал лугето да се чувстуваат поспокојни кога се во негова близина , посрекни. Не секој човек може да се нарече добар човек . Ако тоа е човек што само ве тапка по рамото и ви се смешка сигурно не е тој човек . Добрина значи да немаш а да даваш , да си покорен пред сите , кога некој  ке те напдне ти не се караш со него бидејки знаеш дека утрешниот ден пак ке го донесе тој човек пред твојата врата ,  затоа што ти си добар , ти си негов помошник и едноставно сите околу тебе на некој начин те сакаат . Добрината е онаа која не оделува од другите и не прави посебени . Не прави да блескаме , да бидеме исполнети со мир и со самото наше постоење да ги пренесуваме овие работи на другите околу нас .

Да ! Секој човек заслужува почит ! Сепак бог е над сите нас и никого немаме право да осудуваме и понижуваме .

Бог ги собрал сите најдобри карактеристики на светот и ги споил на едно место . Во срцето на татко ми .

Тој за мене е еден од најголемите личности ,  најдобрите , некој кој најмногу го почитувам и сакам .

Тој е пример на совршенство 

Lifeconnect

11.11.2014 - 21:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега