Еве каде најчесто се случуваат повреди во сексот

Љубовта понекогаш боли, а и сексот неретко остава болни последици. Сајтот Meetville ги истражувал сексуалните навики на своите корисници, за да дознае кои се најчестите повреди при сексот, колку се чести и каде точно се случуваат.

Изненадувачки или не, повредите најчесто се случуваат при сексуален однос на кауч (?!), а потоа следат скалите и автомобилот. Интересно, сексот во тоалет се нашол дури на десето место на листата „агли“ во кои најчесто се повредуваме при сексот.

Најголемиот проблем со повредите при сексот е тоа што во моментот на повредата, личноста не чувствува болка. „Во текот на сексот, се лачи доста ендорфин, хормонот на среќа, кој на телото делува слично како морфиум. Затоа, ако се наоѓате во поза која и не ви е баш удобна, тоа нема ни да го почувствувате затоа што ендорфинот струи во вашето тело и го намалува чувството на болка“, вели фитнес инструкторот др. Кевин Џардин. Токму поради тоа, околу 40% од луѓето кои се повредуваат, тоа го забележуваат дури утредента.

Нормално е понекогаш да сакате да пробате некоја нова поза или да бидете малку покреативни во односот, но потрудете се внимателно да го одберете местото за „акција“, за да избегнете евентуални последици.

Имајте на ум дека тоа што сексот на невообичаени места изгледа неверојатно секси во филмовите или порно филмовите, не значи дека е лесно „за исполнување“ во реалноста – односно, може да остави болни последици.

Извор: Точка.мк 

12.11.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега