One Republic доаѓаат на концерт во Скопје
Најактуелната светска поп-рок група „One Republic“ доаѓа во Скопје на 1-ви Јуни.
За нивното доаѓање се потруди Авалон Продукција.
One Republic – групата која го покори целиот свет и ги освои сите светски топ листи со третиот албум „Native World“ и сингловите „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“ како и многу други хитови, доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт на 1-ви Јуни во Метрополис Арена.
Кога се во прашање вртењето по радио станиците и телевизиите насекаде низ светот па и во Македонија со актуелните синглови како што се „Apologize“, „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“, тука навистина се е кристално јасно – One Republic се дефинитивно најактуелениот поп – рок бенд во светот во моментов.
Бендот доаѓа во Македонија во склоп на својата летна светска турнеја на која ќе настапат и како headliner-и на многу големи светски фестивали. Инаку One Republic во моментов е на актуелна европска турнеја на која најблиску во регионов доаѓа во Словенија на 16ти Ноември во Арена Стожице – концертот е распродаден две недели пред одржување со неверојатни 16.000 продадени билети!
За концертот на One Republic кој ќе се одржи на 1-ви Јуни во Метрополис Арена, билетите ќе бидат пуштени во продажба на 24-ти Ноември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа