„Тојота“ се заби во пешак пред Градска болница во Скопје

Утрово е прегазен пешак кај Градската болница во Скопје, објавува порталот Пулс24. Според информациите на Пулс24, во пешакот удрил автомобил марка „Тојота“. 

Според досегашните информации, пред Градската болница било прегазено машко лице кое веднаш било пренесено во болница. Сеуште не е познато во каква состојба е пешакот.

Екипите на МВР се на лице место и во моментов вршат увид.

најчитано сега