Зголемено нивото на реките во Бугарија

 

 

Бугарското Министерство за животна средина и води соошти дека денеска е регистрирано почакување на нивото на реките во цела Бугарија, а дека сосотјбата е најкритична на реката Тунџа во реонот на градот Елхово во југозападниот дел на земјата.  

Според Министерството, во моментов нивоата на бугарските реки се над просекот за ноември. 

Бугарските метеоролози најавуваат врнежи во западниот дел на Бугарија во текот на претстојнава ноќ, кои во текот на утрешниот ден ќе се прошират и на истокот од земјата.  

Сепак, според Министерството, и покрај новите врнежи, од утре ќе започне стагнација и намалување на нивото на водата во реките во Бугарија.

18.11.2014 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега