Нови провокации на Шешељ

На Интернет страницата на Српската радикална партија (СРС) е објавен текст во кој Воислав Шешељ на српските четници им го честита „денот на ослободувањето на српскиот Вуковар“, јави ХРТ.

- На денешен ден пред 23 години српските четници, по тримесечни јуначки борби, го ослободиле Вуковар од усташките паравоени единици. Српскиот Вуковар беше првиот ослободен српски град, кој, без борба, со помош на режимот во Белград, е предаден на усташката хрватска држава, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на СРС.

- Др. Воислав Шешељ и неговата Српска радикална партија никогаш нема да се откажат од ниту еден педал на српската држава и ќе сторат се Српската Краина и српскиот Вуковар повторно да бидат во состав на Голема Србија, се наведува во соопштението. 

Шешељ со овој потег продолжи со провокациите откако Хашкиот суд го ослободи на привремена слобода. 

18.11.2014 - 17:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега