Уште 1.655 лица се водат за исчезнати за време на конфликтот во Косово

Уште 1.655 лица се водат за исчезнати за време на конфликтот на Косово во 1998-1999 година, соопшти денеска Работната група, формирана за нивна потрага, барајќи меѓународните мисии во Косово КФОР, УНМИК и НАТО да обезбедат пристап до архивите, јави Танјуг. 

По десет години од создавањето на Работната група, бројот на нерешени случаи е намален од 3.200 на 1.655, а главен услов за откривање на судбината на исчезнатите е постојаниот конструктивен дијалог „без политичка реторика на Белград и Приштина“, истакнато е денеска на средба на Работната група во Белград. 

Претседателката на групата Лина Милнар од Меѓународниот комитет на Црвениот крст изјави дека годинава е постигнат значителен напредок, особено со ексхумацијата на останките oд масовната гробница во Рудница во близина на српско-косовската граница, што се идентификувани и предадени на семејствата. 

На средбата на Работната група, претседателите на комисиите за исчезнати лица од Белград и Приштина Вељко Одаловиќ и Пазит Нуши разменија информации и планови за работа до крајот на идната година. 

18.11.2014 - 19:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега