ФОТО: Трагедија- Полицаец ја застрелал љубовницата па сам си пресудил

Поранешен полицаец, 49-годишниот Зоран.С. вчера околу 7:30 часот ја застрелал својата поранешна девојка 28-годишната Александра.Л. по што извршил самоубиство. Трагедијата се случила во близина на Смедерево.

 

Полицијата го пронашла застреланиот пар во куќата на девојката со прострелни рани во главата и веднаш биле префрлени во Ургентниот центар. Зоран им подлегнал на повредите, а за животот на Александра лекарите се уште се борат.

 

На местото на злосторството полицијата го пронашла пиштолот од кој е пукано. Оружјето било службен пиштол на синот на Зоран, Никола кој исто така е полицаец.

Зоран пред еден месец и се заканувал на Александра и се обидел да се самоубие скокајќи од мост во реката Морава, по што бил сместен на психијатрија, од каде бил пуштен пред неколку дена. 

 

 

Александра е мајка на две деца од претходната врска, а Зоран е пензиониран полицаец.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега