Бугарски министри во потрага по финансиска поддршка во Брисел

 

Неколкумина министри од Владата на Бугарија престојуваат во Брисел во потрага по финансикса поддршка, соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов пред денешната редовна седница на неговиот владин Кабинет. 

Како што јави БТА, Борисов изјави дека „пет до шест министри ќе направат се што е можно да го спасат она што не може да се спаси“. 

- Брисел работи по правила, но ние ќе молиме. Нема плати за културата, буџетот е на нула, нема плати за Министерството за внатрешни работи, изјави Борисов.

Според него, министрите ќе им објаснат на европските претставници во каква состојба е Бугарија. 

- Ако (ЕУ претставниците) манифестираат топлина и хуманост кон Бугарија како и досега , тогаш (министрите) ќе успеат, нагласи Борисов.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега