Европскиот обудсман ја истражува истрагата за корупција во Еулекс

 

 

Европскиот омбудсман Емили О’Рејли почна своја истрага за тоа дали Еулекс и ЕЕАС ги преземале сите потребни мерки за да се истражат сомнежите за корупција и други неправилности во мисијата на ЕУ на Косово.

Во документот од 14 ноември, кој денеска е објавен во весникот Коха Диторе, О’Рејли ги информирала во ЕЕАС дека одлучила да ја реализира својата истрага по сомнежите на обвинителката на Еулекс, Марија Бамие во врска со корупцијата и земањето поткуп од страна на официјални претставници од Еулекс.

Европскиот омбудсман наведува дека била известена за тоа дека ЕЕАС и Еулекс почнале заедничка истрага од 2013 година. Таа објаснува дека цел на истрагата не е да истржува објавувања на обвинителката Бамие, туку да провери дали ЕЕАС и Еулекс ги презеле сите потребни мерки да ги испитаат сите тие сомневања, објави весникот Коха Диторе

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега