Европскиот обудсман ќе ја истражува истрагата за корупција во Еулекс

Европскиот омбудсман Емили О’Рејли почна своја истрага за тоа дали Еулекс и ЕЕАС ги преземале сите потребни мерки за да се истражат сомнежите за корупција и други неправилности во мисијата на ЕУ на Косово.

 

денеска во весникот Коха Диторе го пренесува документот од 14 ноември, каде О’Рејли ги информирала во ЕЕАС дека одлучила да ја реализира својата истрага по сомнежите на обвинителката на Еулекс, Марија Бамие во врска со корупцијата и земањето поткуп од страна на официјални претставници од Еулекс.

 

Европскиот омбудсман наведува дека била известена за тоа дека ЕЕАС и Еулекс почнале заедничка истрага од 2013 година.

 

Цел на истрагата не е да истржува објавувања на обвинителката Бамие, туку да провери дали ЕЕАС и Еулекс ги презеле сите потребни мерки да ги испитаат сите тие сомневања.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега