Пешевски: Акредитирањето на производите и услугите во Македонија е поевтина опција за компаниите

Заштедата на време и на трошоци за патување за носење на мостри во странство и побрзото решавање на барањата на македонските компаниии за повеќе од 50 отсто им ги намалува трошоците за акредитација на нивните производи во Институтот за акредитација на Република Македонија, истакна денеска вицепремеирот за економски прашања Владимир Пешевски на денешното одбeлежување на Светскиот ден на акредитација и десетгодишнината од основањето на Институтот за акредитација на Република Македонија. 

Вицепремиерот Пешевски посочи дека неколку проекти на Владата се поврзани со Институтот за акредитација како што е проектото „Македонско сонценце“ кој ќе работи во насока на подигање на квалитетот и стандардите на производите произведени во  Македонија со цел да имаат многу  полесен пласман на пазарите во соседните држави.

- Тука е и проектот за нови лаборатории што Владата го стратуваше пред неколку години. Голем дел од лабораториите се веќе набавени, а дел се во процес на набавка. Интенција на Владата е сите лаборатории за се поголем број од методите кои ги користат да бидат акредитирани и со тоа да бидат на ниво кое е прифатливо за целиот свет, изјави Пешевски.

- Овие напори се во насока на подобрување на бизнис климата и на овозможување на домашните компании своите производи и услуги да ги акредитираат во Македонија и понатаму да бидат рамноправно трeтирани  од сите институции во Европа и во светот, нагласи Пешевски.

Директорот на Институтот за акредитација на Република Македонија, Трпе Ристовски рече дека „Олеснување на светската трговија“ е годинашното мото под кое се одбележува Светскиот ден на акредитација. Годинава, додаде, се бележи 10-годишнината од основањето на Институтот што, како што рече, се одбележува со вкупно издадени 121 сертификат за акредитација.

- Барањата за акредитации стануваат се поголеми. Само за минатата година имаме 34 кои денеска ќе ги доделиме. За следната година барањата ќе бидат уште поголеми, бидејќи како што се хармонизира македонското законодавство со европското автоматски барањата стануваат поголеми, истакна Ристовски.

- Ако до пред извесно време странските компании мораа да користат инспекциски лабораториски услуги од земјите од каде доаѓаат со потпишувањето на договорите и признавањето на резултатите од македонските институции веќе тоа нема да го прават... Опремувањето на лабораториите во високообразовните институции преку проектот на Владата и препораката тие да преминат  кон процесот на акредитација, пак, дополнително ќе значи подобрување за стопанството, бидејќи сите свои активности ќе можат да ги покријат во Македонија, рече Ристовски.

ФОТО: Денешен 

најчитано сега