Избоден сопственик на познат ресторан во Охрид

Сопственикот на угостителскиот објект „Нова“ во Охрид е избоден со нож минатата ноќ во својот локал.

Од полицијата информираат дека дошло до расправија меѓу сопственикот Б.Р. (32) и 36-годишниот И.Р., која прераснала во тепачка.

За време на истата И.Р. со нож му нанел две убодни рани на Б.Р. во пределот на левата надколеница, а на И.Р. од тепачката му се нанесени повреди во пределот на носот.

На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега