Преживеаната девојка од БМВ-то бара да ја види својата почината другарка

Милорад Јуришиќ, дедото на Милица Јокиќ (18) која успеа да ја преживее стравичната несреќа кога автомобил марка БМВ излета во Дунав, вели дека неговата внука не се чувствува добро и постојано ја бара Анастасија, која за жал не преживеа, пишува „Блиц“.

Според него, таа се наоѓа во лоша психичка состојба и не сака да разговара со никого, постојано плачела и барала да ја види својата другарка.

- Како малку да ни беше јад и беда! Детето не е способно да разговара, постојано плаче. Таа успеа да се спаси, но не и нејзината другарка, како може да се чувствува?, вели нејзиниот дедо, пишува Блиц.

Милица одбивала и медицинска помош и не сака никого да види, ниту да разговара.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 20:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега