„Мамо скриј ме кога ќе дојде тато“- силувано 3- годишно девојче од Србија (ФОТО)

Мојата ќерка, по се што се случи, ми рече: Мамо, сокриј ме кога ќе дојде тато!- вели за српски Курир Данијела Несторовиќ, мајка на тригошно девојче, за кое се сомнева дека било сексуално злоставувано од страна на таткото Игор од Лукомир кај Житораѓа.

-Немам ништо против мојот маж да оди во затвор. Само сакам себе си и моите деца да ги заштитам од него, зошто тој го направи она што не би смеел никој родител. А можев животот да го дадам дека тој не би го направил тоа, вели Данијела која води бракоразводна праница за старателството врз двата сина и ќерката што ги има со Игор.

Таа објаснува дека првпат забележала дека нешто се случува со детото кога се вратила од посетата на таткото.

-Се повлече во себе, а ноќе плачеше и викаше: „Тато, тато“. Кога повторно се врати се пожали на болки и пецкање во гениталиите, а тогаш видов и крварење. Тогаш таа ми кажа дека татко и ја бакнува и допира по меѓуножјето, вели Данијела и додава:

-Тогаш се сетив дека мојот сопруг и порано ја бакнуваше по телото, па и по половиот орган, кога ја бањавме. Зборуваше дека таа е негова принцеза која нема да се мажи, туку ќе живее со него.

Таа додава дека детето сега не сака да го види таткото.

-Ми раскажа се што се случило кога биле сами. Таа не сака да го види. Ми рече: „Скриј ме кога ќе дојде тато! – вели огорчената мајка.

Таткото Игор Несторовиќ е во притвор. Тој во петокот бил пуштен од притвор, но во понеделникот повторно му е одреден притвор во траење од 30 дена, кој почнува од 6 ноември.

Лекарскиот преглед кај девојчето покажал дека и е одземена невиноста, но не била силувана. -Триипол годишното девојче не би го преживеало тоа, вели во својата исповед оваа мајка.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 21:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега