ВМРО-ДПМНЕ со реакција за кондомите на Заев: Фашистичката СДСМ нека не се чуди зошто губи 200.000 разлика

СДСМ го покажуваат своето вистинско лице кое е полно со омраза, гнев, фрустрации, фашизам, изразени слабости и човечки неквалитет.

          Со вакви постапки како ова, но и како изјавите на Заев дека ќе брка се живо од работа од чистачка до министер, дека ќе јаде живи луѓе, со изјавите и текстовите на нивните идеолози Тричковски, Геровски, Кабранов полни со пцовки, навреди и закани за убиство, потоа во пакет со нападите кон новинари кои ако не мислат како нив се осудувани и многу други примери, СДСМ е јасно дека во својата суштина нема никаква врска со демократија и слобода на говор.

          СДСМ се израз на еден очигледно веќе воспоставен концепт на фашизам, базиран на личноста и карактерите на нивните водечки луѓе. Ако фашистичката партија СДСМ мислат дека вака ќе освојат поддршка кај народот, сеејќи омраза, однесувајќи се недозреано, хаотично и површно, нека продолжат.

          Сето ова само говори за нив, и после нека не се чудат зошто разликата на избори меѓу нас и нив е над 200 илјади гласа. Фашистичката СДСМ нека не се чуди зошто веќе ни нивните членови не им веруваат. Впрочем членовите на оваа партија не се виновни што ова раководство со сите нивни експоненти вака се однесува и ние тоа го разбираме.

          Токму ова што го прават, овие катастрофално необмислени потези, се демонстрација на нервоза и тотална забеганост. Ваквите постапки кои што ги прават фашистичката СДСМ, се уште еден доказ дека се безидејни, се дават во очај и хаос и имаат изгубено допир со реалноста

(Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега