Двајца тешко повредени - 25 сообраќајки на скопските улици

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 25 сообраќајни незгоди од кои во две со потешки повреди се здобиле седум лица.

Во петокот извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и 10 со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници, тројца пешаци, еден велосипедист, еден мотоциклист и двајца патници во автобус.

Во саботата извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и тројца сопатници.

Во текот на вчерашниот ден извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден патник во автобус.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило, а со телесни повредни се здобил еден сопатник.

 

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега