Пејачката Наташа Беквалац остана без скршен денар

Балканската барбика  Наташа Беквалац периодов се наоѓа во вистинска финансиска криза. Имено, како што велат српските медиуми, таа пред околу месец и половина подигнала кредит за да купи песна која и се допаѓала.

Наводно Беквалац немала друг избор бидејќи во последно време има повеќе расходи, отколку приходи, а хит и е неопходен за да и се подигне цената на настапите на пазарот.

-Наташа многу вложува во албумот кој ќе се појави на пролет. Од таа причина тезгите во последно време не можат да и покријат ниту дел од трошоците. Таа веќе подолго време нема некој хит кои би ја вратил во живот, а песната која неодамна ја слушна многу и се допадна и смета дека може да биде голем хит, открил извор.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега