ФОТО: Почина Кристина- жената на која Цеца и ја исполни последната желба

На официјалната Фејсбук страна на популарната пејачка Цеца, објавена е фотографија на која таа е во страсна прегратка со Кристина.

Кристина, жената на која Цеца Ражњатовиќ и ја исполни последната желба, починала од тешката болест со која се борела подолг временски период.

Иако болуедувала од рак, Кристина била голем фан на српската пејачка. Имала желба да ја запознае и да ја види, а нејзините најблиски и го приредија тоа изненадување.

 Цеца отишла да ја посети Кристина, а сето тоа го организираше емисијата „Све за љубав“

- Имам едно изненадување за Кристина. Се надевам дека личам на Цеца, рекла пејачката и влегла во собата на Кристина пеејќи. Кристина и се фрлила во прегратка плачејќи од среќа.

На официјалната Фејсбук страна е објавена фотографија на која се во страсна прегратка Цеца и Кристина, а во чиј опис пишува „Ангелу почивај во мир“.

Погледнете ја снимката како Цеца ја изненади Кристина: 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега