Интересни идеи за семејна забава на снег

Секое дете со нетрпение ги очекува зимските празници. Кога ќе почне распустот погрижете се заедно да уживате со нив на најдобар можен начин.

На децата секако треба да им дозволите да уживаат и во омилените видео-игри и филмови, но треба да се поттикнат на уживање и на некои други начини.

 

Совети за сите родители

Планирањето е клуч на успехот. Голем број родители целата енергија ја трошат за време на празниците нивните домови бидат што поудобни, па најчесто се преморени кога ќе поминат тие неколку денови. Печењето колачи заменете го со одење на излет со детето.

Извадете ги децата надвор од домот. Ви изгледа невозможно? Се е возможно ако излезете со доволно добар план кој ќе им се дoпадне и на децата.

Повеќе слободно време и овозможува на децата повеќе да се дружат со пријателите. Организирајте дружење во топлината на сопствениoт дом.

Постете ги роднините. Иако на децата од училишна возраст тоа може да не им звучи особено забавно, заинтересирајте ги.

Родители на деца од шест до девет години

Посетете ги библиотеките и прелистувајте книги кои на децата би можеле да им бидат интересни.

Вклучете ги децата во печење колачи. Дури и за момчињата на оваа возраст е играњето со тестото и украсувањето на колачиња е вистинска забава.

Родители на деца од десет до петнаесет години

Поставете граница на времето поминато пред екранот. Поттикнете го детето повеќе да се дружи со пријателите. Вклучете го детето во некои волонтерски активности во текот на празничните денови. Посетете ги немоќните или направете колачи за сиромашните.

Родителите на деца од 16 до 18 години

Ако вашиот тинејџер напорно работел во училиштето пред зимските празници дајте му доволно време да се одмори.

Овозможете му на детето, ако тоа го сака, одење на еднодневен или дводневен одмор со пријателите.

 

Организирајте семеен филмски маратон. Детето нека ги одбере филмовите.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега