ФОТО: Хурем во врска со колегата од Величествениот

Актерката Меријем Узерли, во Македонија попозната како Хурем од хит серијата „Величествениот“, повторно е среќно вљубена.

 

Имено, како што пишуваат турските медиуми таа веќе неколку месеци е во врска со Озен Гувен, колегата од серијата „Сулејман Величествениот“ кој го толкуваше ликот на Рустем паша. Тие двајца успешно ја криеја својата врска, но биле разоткриени кога заминале на вечера кај заеднички пријател. Двојката од куќата излегла прегната, верувајќи дека никој не ги гледа. Сепак, папараците, ги фотографирале, а двојката повеќе не се трудела да ја скрие блискоста.

 

Миријем, која се прослави со улогата на Хурем бше во врска со бизнисменот Кан Атес, со кој помина низ турболентен прекин на врската по кој дозна дека е бремена. Актерката инаку, се уште живее во Берлин каде се пресели по болниот крај на врската со таткото на нејзината ќерка, но планира наскоро да се врати и во Истанбул и на малите екрани.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега