Од љубов кон Рома починал на стадион

Голем фан на италијанскиот калчолигаш  Рома добил инфаркт на " Олимпико ", поради што починал, соопштуваат италијанските медиуми. Драмата се случила  за време на вчерашниот натпревар на "Рома" со Пескара , кој заврши  1:1. Навивачот  на домаќините бил на возраст од цели 80 години и најверојатно неможел да ги издржи возбудувањата поради немоќната игра на неговиот  миленик , или едноставно му било дојдено времето поради возраста , почувствувал стегање во градите, по што следел срцев удар. Постариот човек веднаш бил однесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

 

најчитано сега