Груевски и Заев повеќе од два часа го убедувале Давитковски

Повеќе пд два часа им биле потребни на претседателот на Владата Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, да го убедат деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски, да прифати да биде претседател на Комисијата, која треба да ги расветли настаните пред и на 24. декември за да утврди дали биле прекршени законите и Уставот, објавува Утрински весник.

Според Утрински, преговорите со деканот на Правниот факултет се одвивале вечерта во вторникот, на средба во Владата. Според весникот, на средбата присуствувале Груевски, Заев и Давитковски. 

Вечерта во вторникот, некаде пред 20 часот, Давитковски добил телефонска покана за средба со Груевски во Владата. На средбата, веќе бил пристигнат лидерот на СДСМ, кој заедно со премиерот требало да го убеди деканот на Правниот факултет да ја прифати задачата и да стане претседател на Комисијата која ќе ги истражува настаните од 24. декември.

Според неофицијалните извори на Утрински, главен аргумент на Груевски и Заев бил да се формира Комисијата пред Самитот на ЕУ, на кој ќе се оценува демократијата на Македонија.

ФОТО: Дневник

Извор: Утрински Весник

 

најчитано сега