„Келвин Клајн“ му ја зголеми „машкоста“ на Џастин Бибер

Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер повторно стана предмет на исмејување и тоа овојпат поради рекламите за долна облека на „Келвин Клајн“. 

Имено, набрзо по стартот на новата кампања на „Келвин Клајн“, на чии реклами се појавува Бибер во долна облека, на социјалните мрежи беа објавени фотографии необработени во Фотошоп, на кои се гледа дека на пејачот му е направено по мажествено торзо, дека му се додадени влакна и дека му се нагласени стомачните, но и други мускули на телото.  

Но, она што привлече најголемо внимание е фотографијата со која се докажува дека „машкоста“ на Џастин е зголемена благодарение на Фотошоп. 

Порталот „Брети Хеви“, кој ги објави фотографиите, повикувајќи се на анонимни извори, кои му ги доставиле снимките, наведува дека за време на фотосесијата Бибер „се однесувал како идиот“ и дека и се додворувал на манекенката Лара Стоун, која целосно го игнорирала.

 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега