Цеца се скара со половина од тимот на „Ѕвездите на Пинк“

После гласањето за кандидатот Дамир во „Ѕвездите на Пинк“ Мирослав Илиќ се побуни и изјави дека е лут што ги пуштиле овој и претходниот кандидат. Тоа ја изнервира Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Што си лут, што ја подигна столицата?, бесно му одговори Цеца за Мирослав да се оправда дека само сакал да ја слушне втората песна.

 

Во нивниот разговор се уфрли и водителот Милан Калиниќ кој рече дека секогаш е на страната на Цеца, но дека овој пат Мирослав има поента.

Но Цеца продолжи да коментира зошто ја подигнал столицата и си разменија коментари дека се нервираат еден со друг.

Дека денот на Цеца не и беше најдобар сведочи и тоа што се скара и со Милан.

Од него не можеш да дојдеш до збор, постојано ме прекинуваш, остро го искритикува.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега