Старлетата Мими Оро доживеа сообраќајка

Старлетата Милица Живановиќ позната како Мими Оро, утринава доживеала сообраќајна несреќа во центарот на Белград.

Како што пишува српски Курир, Мими со својот автомобил удрила во тротоарот и го скршила браникот на колата.

Таа и нејзиното момче Милан, кој бил на совозачкото седиште, не се повредени, а автомобилот е однесен на поправка.

-Со момчето тргнавме на пат. Одеднаш со голема брзина ми излета некој невнимателен возач. Се обидов да избегнам судир, свртев со воланот и удрив силно во тротоарот, вели таа за српски Курир.

Мими и нејзиното момче имале среќа и не се здобиле со никакви повреди, но како што вели старлетата, многу е потресена од она што се случило.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега