Малолетник од Охрид го загуби животот во сообраќајна несреќа

Денеска во Охрид малолетно момче го загуби животот во близина на пекарата „Габреш“.

Несреќата се случила во 15 часот додека малолетникот управувал со мотор, при што им подлегнал на повредите на местото на настанот.

Полицијата во Охрид работи на случајот за да ги открие причините за несреќата.

најчитано сега