Скопските училишта подготвени за настава, штрајк нема да има

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски по одржаниот координативен состанок со градоначалниците на скопските општини информираше дека училиштата и градинките во Град Скопје нема да го поддржат најавениот штрајк од СОНК и се подготвени за почетокот на второто полугодие.

-Сакаме да ги информираме учениците и родителите во вторник да дојдат на училиште затоа што наставата ќе се одвива нормално и родителите да ги донесат своите деца во градинките бидјеќи истите ќе бидат отворени, посочи Трајановски.

Градоначалникот додаде дека секој има право на штрајк и некој нема да го оспорува, меѓутоа институциите се надлежни да најдат замена за професорите кои ќе се одлучат да штрајкуваат.

Тој додаде и дека ско учениците губат часови ќе треба истите да ги одработуваат во сабота или пак да се продолжи учебната година.

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега