Провокација од Хрватите пред вечерашниот натпревар: Лазаров е...
Поранешниот хрватски репрезентативец на Хрватска Никша Калеб за порталот sportski.net си направи своја анализа за денешниот меч помеѓу Македонија и Хрватска.
Калеб со хрватската репрезентација го освои Светското првенство во 2003-та година, една година подоцна се закити со златен медал на Олимписките игри, а на Мундијалот во 2005-та година го освои сребрениот медал со својата селекција.
Тој на почетокот од својата анализа вели дека македонскиот селектор Ивица Обрван му е одличен пријател, дека Македонија е силна и квалитетна репрезентација, го напиша она што сите го знаат, а тоа е дека најголемата опасност за нив е нашиот капитен Кире Лазаров.
Она што можеби не сте го знаеле е тоа дека Калеб една година играл заедно со Кире Лазаров во РК Загреб, па секако вели дека добро ги познава квалитетите, но и менталитетот на нашиот капитен.
Откако го испофали нашиот најдобар ракометар, поранешниот хрватски репрезентативец откри една „тајна“ за Кире, која според него би требала да им послужи на хрватските играчи за денешниот дуел.
-Уште нешто, што малку луѓе го знаат. Кога на него (н.з Кире Лазаров) се оди малку посилно, тогаш тој помалку е кенкав, во смисол: Па, дај, па немој, братко, дај немој така“...Значи, тој не е тип на играч кој можеш да го удираш и по глава и по нозете, а тој да продолжи како багер да меле се пред себе, да те носи на грб и да погоди. Киро е нежна душа, но не значи дека нивните останати играчи се нежни, вели Калеб во својот текст.
Натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска се игра вечерва со почеток во 17:00 часот, а секако овој начин на објаснување на работите може да се сфати како мала провокација од Хрватите, бидејќи знаат дека во овој момент Македонија има квалитет да го добие овој натпревар.
Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа