Почина еден од најпознатите грчки пејачи

Грчкиот пејач Артемиос Вентурис Русос или најпознат како Демис Русос кој продаде повеќе од 60 милиони плочи ширум светот, почина на свои 69 години во болница во Атина.

Беше најпознат по своите соло хитови во седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век, меѓу кои најпознати се "Forever and ever", "Goodbye" и "Quand je t'aime".

Русос ја започна кариерата на 17-годишна возраст, а врвот на успехот го постигна во седумдесетите и осумдесетите од минатиот век.

Во 1968 година ја основа заедно со Евангелос Одисеас Папатанасиу – Вангелис групата „Aphrodite’s Child“. Неговите албуми се продадени низ светот во повеќе од 60 милиони копии.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега