ВИДЕО: Разлутен бик беснееше во Куманово - луѓето бегаа на сите страни

Бик вчера напладне влетал на паркингот пред Автобуската станица во Куманово. Според локалниот портал Куманово Њуз, животното, дотрчало од улицата кај Градскиот парк и влегло на пероните, каде што се паркираат автобусите за меѓуградските и градски линии.  

Испаничени патници и вработените бегале на сите страни за да се спасат од разулавеното говедо. Не можеле да го скротат ни сопствениците, кои се плашеле дека ќе ги повреди, па побарале помош од ветеринарите. Драмата траела околу 15 минути, по што бикот си заминал од кај што и дошол, кон Градскиот парк. Во меѓувреме стигнала и полицијата, која ќе го испита случајот.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 12:59
Фото: 
ѕид на сообраќајниот срам

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега