Шехтански: Не се работи за ситен кривичен престап, овде се работи за сериозни обвинувања

Адвокатот и лидер на ТМРО, Ванчо Шехтански вели дека кривичните дела за кои се терети Зоран Заев се сериозни обвинувања, а законот за истите е ригорозен. Од вестите кои денес беа објавени е фрапиран бидејќи вели дека се работи за дестабилизација на државата.

Во изјава за Курир, тој вели дека воопшто не е важно дали се работи за дестабилизација од надвор или внатре, кога таа состојба има едно име и се вика дестабилизација.

-Во конкретниот случај, законодавецот  е многу ригорозен, ова се сериозни работи. Не се работи за ситен кривичен престап, овде се работи за сериозни обвинувања. Треба да оставиме на надлежните институции, на Обвинителството, на МВР, да си ја работат својата работа, да ги изнесат аргументите и доказите. Да ја спроведат целата постапка до крај без разлика за кого се работи, според уставот на РМ, пред законот сите граѓани се исти и во своите права и одговараат за своите постапки, рече Шехтански за Курир.

Тој вели дека во секој случај, за имиџот на Република Македонија ова се најмалку очекувани работи кои не доликуваат.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега