За „експертите“ во Доха Георгиевски е дебитант

Неверојатен превид е направен во Доха, кога беа прогласени најдобрите дебитанти на шампионатот.

Помеѓу седумте одбрани се најде и нашиот ракометар Гоце Георгиевски. Тоа немаше да биде чудно, доколку ракометарот на Металург веќе немаше учествувано на Светското првенство во Шпанија.

Исто така наведено е дека популарниот „Џомба“ е роден во 1992.година, иако тој е роден во 1987-та година.

Втората грешка во овој избор е именувањето на младиот Германецо Пол Друкс за најдобро лево крило, иако тој игра на позицијата лев бек. Во секој случај грешките веројатно ќе бидат поправено, а до тогаш еве го најдобриот тим на Мундијалот во Катар составен од играчи „дебитанти“.

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Шпанија)

Лево крило: Пол Друкс (Германија)

Лев бек: Александар Деревен (Русија)

Среден бек: Каламид Малаш (Катар)

Десен бек: Алекс Душебаев (Русија)

Десно крило: Гоце Георгиевски (Македонија)

Пивот: Камил Шипржак (Полска)

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега