ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Заев снимен како му се заканува на Груевски со странски служби

Видеата кои пред малку ги објави ТВ Сител покажуваат како лидерот на СДСМ во премиерскиот кабинет му се заканува на премиерот Никола Груевски со снимки кои ги изработиле странски служби. Видео материјалите се достапни на сервисот youtube.

На видеото може да се слушне дека Груевски го прашува Заев од каде му се материјалите, а лидерот на СДСМ одговара дека му се од странски служби, со што целосно излегува на виделина вистината за изворот на материјалите на Заев.

Пред само два дена Заев на прес-конференција го тврдеше спротивното, дека материјалите кои ги поседува се домашни, но оваа снимка директно го демантира тоа. Заев во саботата тврдеше дека “нема никакви странски служби и дека доказите се добиени од чесни граѓани и службите на Груевски, кои вистински се грижат за иднината на Македонија“. Сепак, вистината е поинаква, Заев е фатен на дело како ја манипулира јавноста.

Откако МВР ги објави деталите за акцијата Пуч, во своето јавно обраќање Груевски рече дека од Заев добил информација дека од странска разузнавачка служба добил снимени компромитирачки телефонски разговори на највисоки државни функционери, на новинари и на други политичари. Оваа снимка го потврдува тоа. 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега