Доаѓа нов влажен бран - ова се препораките!

Координативното тело, по најавата за нов бран врнежи кои на некои места ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер, препорачува до градоначниците да ги стават на располагање сите расположливи ресурси. 

Меѓу препораките се градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат претставници од ЦУК, ДЗС и МВР. Градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси како механизација, вреќи и нафта веднаш треба да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување и  да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови.

Се препорачува и континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите, единиците за локална самоуправа да интервенираат на мостовите каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки, граѓаните кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК, припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција, а возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ.

Координативното тело апелира и до месното население да помага и да се активира. 

Надлежните институции, како што стои во соопштението, се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега