Препораки за поплавените: Како да се заштитат од заразните болести

За време на поплавите постојано да се следат и нформациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење преку локалните и националните телевизии, радиjа и преку интернет порталите.

 За пиење, за подготовка на храна и за одржување на личн ахигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија.

- Доколку постојат резерви вода, истата да не се употребува додека не се преврие (вриењенајмалку 15 минути), или водата да се хлорира на соодветен начин, или од страна на стручно лице.

- Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, каде е видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, се до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дек аводата е безбедна.

- Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти каде нема видливи промени на водата,се препорачува да се изврши нејзина превентивна дезинфекција.

- Редовно да се одржува хигиената на рацете со сапун или средство за дезинфекција, особено по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, особено по чистењето и пред подготовка на храна.

- Да се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води.

- Целата храна која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно, се препорачува храната да се фрли.

- Да се дезинфицираат сите работни површини, како и приборот за готвење и јадење.

- Храната да се подготвува со безбеднавода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови.

- Подготвената храна да не се чува подолго од два часа насобнатемпература, односно истата треба да се чува на температура пониска од 10 степени Целзиусови.

- Да се избегнува контакт на сировата храна со термички обработената храна.

- Како дополнителни мерки препорачуваме храната темелно термички да се обработи, особено храната од животинско потекло, додека овошјето и зеленчукот кое обично се користи сирово, сега дополнително да се измие во млакавода, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи.

- Малите деца се препорачува да се хранат со индустриски подготвена храна.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 16:21
Фото: 
фактор

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега