ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Доаѓа нов влажен бран - подгответе се за снег и заладување

Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов влажен бран од запад кој ќе услови облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во југоисточните и источните делови од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови.

 

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а  во попладневните и вечерните часови ќе има локални врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет. Од понеделник ќе биде значително постудено со засилен северен ветер.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега