Опозициските медиуми во обид да го спасат Заев веќе не знаат како да лажат

Забележливо е дека проопзициските медиуми во грч да го спасат лидерот на СДСМ Зоран Заев од незгодната ситуација во која се впклетка и да ги исперат неговите лаги, се вплеткуваат во уште поголеми лаги.

Во текстот на Фокус напишан од Љубиша Арсиќ кој преовладува шпекулативна содржина, без никакви аргументи или поткрепеност со релевантни извори или сведоштва како од ракав се изнесува податок дека наводно пет полициски службеници кои прислушкувале му откажале верност на Груевски. Дополнително во емисијата „Вин Вин“ Сашо Ордановски кој важи за неформален гласноговорник на политиките на СДСМ вели дека прислушкувањето не го правеле пет луѓе, како што кажува Фокус туку 50 до сто лица и тоа во смени, во две згради.

Ваквото разногласие доаѓа откако се појавија два клучни и несоборливи докази во кој централен лик е токму лидерот на опозицијата. Еден од доказите е видео изјава на Зоран Заев кој кажува дека искреираните материјали ги добил од странска разузнавачка служба, и второ писмо односно комуникација на Заев со Верушевски во кое исто така признава дека е вмешана странска држава односно премиер на држава од странство.

-Работата која ја чекаме од пријателите од надвор ... е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот ... (овде е напишана првата буква од името на премиерот. Нашиот извор не сака да открие за кого станува збор но вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие. Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата, се вели во дел од писмото кое Заев го испратил до екс-разузнавачот Верушевски.

Експертите и граѓаните се едногласни дека позади сето ова стои грчката разузнавачка служба, а Заев е нејзиниот извршител.

-Како прво сметам дека големи држави не се инволвираат во вакв случаи, со мали држави како Македонија. Тоа обично го прават помали држави. Второ, мојата претпоставка е дека единствено Грција е државата од соседството која има интерес да го прави тоа. Всушност главен нивни мотив е нивниот национален интерес, кој пак од друга страна е на штета на нашиот национален интерес. Друга многу важна поента е дека оној што ги дал тие материјали, тоа го направил од некој свој интерес и потоа ќе бара остварување на своите барања, смета професорот по меѓународно право и по човекови права, Александар Даштевски.

-Самиот момент што беше обзнанен пред неколку месеци дека господинот Зоран Заев 15-20 пати пешки ја минувал македонско-грчката граница е сомнителен. Тој не верувам дека ја поминувал границата само како Зоран Заев. Многу повеќе верувам дека ја минувал како претседател на СДСМ, и како лидер на опозицијата во Македонија, а со кого таму се среќавал незнам. Огромен е мојот сомнеж дека ова го направиле Грците. Тие и како држава и како народ, се најзаинтересирани да донесат на власт во Македонија човек, лидер на држава, со кого потоа многу лесно ќе преговараат, односно со чија помош многу лесно ќе дојдат до нивната крајна цел – промена на името на земјата. Тоа е нивни взаемен интерес, вели аналитичарот Александар Пандов.

Во конкретниов случај ако се работи за грчка разузнавачка служба тогаш нормално е дека сите тенденции насочени во моментов, доколку се потрошени огромни средства, тогаш сигурно дека има интерес, имаат можности и капацитети да направат дестабилизација. Според мене и овој момент што го имаме сега во државата е дестабилизација, а што ќе се случува понатаму зависи од тоа кои се крајните цели на службата. Тие мора да добиле некое ветување за да можат тие да инфилтрираат луѓе, да употребат материјали, да употребат средства и човечки ресурси за да добијат некаква крајна цел со која ќе ги реализираат нивните интереси, истакна проф.д-р. Златко Кесковски.

Со тоа се отворија и други низа на дилеми односно дека Заев не е случајно избран за човекот на кој ќе му се доверат овие незаконско прибавени материјали, како и дека сега сосема е логично дека Заев е должник на грчката политика што значи дека што и да направи лидерот на СДСМ и каква и одлука да донесе ќе биде грчки должник.

 

 

 

Оцени ја веста

07.02.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега