Утврден идентитетот на починатата жена во Велес

Седумдесет и пет годишната Јелица Б. е жената која почина синоќа во големиот пожар во Велес во избувна половина час по полноќ.

Во пожарот повредени се четири лица. Истиот избувнал од засега непознати причини во две куќи на местото викано Дворови. За катко време пожарот се проширил и зафатил уште три куќи кои се изгорени.

При интервенцијата еден од пожарникарите, од експлозија на боца со плин е повреден и пренесен во болница.  При интервенција возачот на Итната помош, кој  бил службено  таму, се лизнал на водата која  подмрзнала од ниската температура и има скршеница на ногата.   

Увид ќе се врши.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега