Сообраќајката се претвори во трагедија: Почина скопјанецот кој беше повреден на „Илинденска“

 
72 годишниот скопјанец кој утрово беше повреден во сообраќајката на булеварот „Илинден“ кај МАтичното во Скопје, пред околу еден час им подлегнал на повредите. 
 
Јован А. заработи тешки телесни повреди во несреќата која се случи утринава околу 7 часот. Јован со својот велосипед се судрил со автомобил „Ауди“ управуван од А.Н. од Битола. 
 
Скопјанецот веднаш бил пренесен во скопскиот Ургентен центар, каде околу 10:45 часот им подлегнал на повредите.
ФОТО: Засе.мк

најчитано сега