ФОТО: Сликата страшна - немало спас за жената од Велес, затруен нејзиниот малолетен внук

Вистински хорор се случувал синоќа по полноќ, откако пожар избувнал во две куќи на местото викано Дворови во Велес. Веќе е познато дека во пожарот, кој подоцна зафатил уште три куќи, почина 75-годишната Јелица Б., а повредени се уште четири лица.

Новите детали говорат дека и покрај обидите за спас, било невозможно Јелица да се извади од куќата. Таа се наоѓала на горниот кат од куќата, а обидот за нејзино извлекување бил неуспешен бидејќи се урнале скалите кои воделе до горниот кат, откако истите биле зафатени од пожарот. Надеж повеќе немало. Во куќата Јелица била со својот син и малолетниот внук.

Во пожарот синот е неповреден, а внукот кој е 16 годишна возраст имал знаци на труење со чад по што му била укажана лекарска помош од екипата на Итната медицинска помош. Во страшниот пожар повредени се и командирот на противпожарната единица, како и двајца соседи кои помагале во гаснењето на пламените јазици.

ФОТО: ДУМА

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега