Охриѓанец монструм: Крвнички ја претепал ќерката

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(51) од Охрид. Него одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

tepanje2500

 

-На осми овој месец околу 10 часот во семејниот дом во Охрид, пријавениот започнал вербална расправија со неговата ќерка во која тој најнапред и упатил низа навредливи зборови. Потоа започнал да крши предмети од покуќнината и да ги фрла кон неговата ќерка, а во еден момент употребил и бекатон плочка со која се обидел да ја повреди. Откако не успеал, ја скршил масата и со дрвената ногарка ја нападнал својата ќерка силно удирајќи ја во пределот на левата потколеница и левата рака нанесувајќи и тешки телесни повреди, соопштуваат од полицијата.

Таа беше згрижена во болницата „Св.Еразмо“ а пријавениот И.Ш. кај кого не е констатирана алкохолираност, беше приведен во СВР Охрид и лишен од слобода.

 

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега