Полицијата го уапси скопскиот рекордер: Нема да ви се верува колку кривични дела има

СВР-Скопје, до надлежното ОЈО  поднесе кривична пријава против лицата Н.Ѓ. (35), С.Г. (32) и А.А. (23) сите од Скопје , поради основано сомнение дека  се сторители на неколку кривични дела - од кои Н.Ѓ. извршил три и тоа една - “тешка кражба“ и две кривични дела “одземање на моторно возило“,  предвидени и казниви по чл. 236 и 242 од КЗ, пријавениот С.Г. извршил  едно кривично дело - “тешка кражба“ предвидено и казниво по чл. 236 од КЗ и А.А. извршил кривично дело “прикривање“ казниво по чл. 261 од КЗ. Притоа тие се стекнале со противправна имотна корист од околу  426.390  денари. Од страна на  Судија на претходна постапка на првопријавениот Н.Ѓ.  одредена  му е мерка притвор  во траење од  осум дена.

       Првото кривично дело пријавените  Н.Ѓ. и С.Г го извршиле во бутик на подрачје на Центар на тој начин што во ноќните часови со помош на клешти за сечење на арматура првопријавениот го исекол катанецот со кој дополнително била обезбедена помошната влезна врата од бутикот а потоа делувајќи со подесен алат помеѓу крилото и рамката од вратата успеал насилно да ја отвори истата, при што двајцата влегле внатре, направиле претурање по работниот пулт и изложбените рафтови од каде одзеле поголема количина на облека, рачни часовници, паричници и друго. Дел од украдените предмети  првопријавениот за одредена сума му ги дал на третопријавениот А.А. , а дел задржал за себе со намера подоцна да ги продаде.

    Кривични дела - “одземање на моторно возило“  Н.Ѓ. ги извршил  едно во ноќните часови а второто преку ден, на подрачје на  Карпош и Аеродром на тој начин што во првиот случај  откако забележал дека вратата од возилото не е заклучена, влегол внатре  ги откорнал каблите од контакт бравата и со нивно преспојување го ставил возилото во погон. Додека второто кривично дело е извршено на тој начин што откако  забележал дека возилото е отклучено и во контакт бравата биле оставени клучевите го искористил отсуството на оштетениот, влегол во возилото го ставил во погон и се одалечил од местото на настанот. И во двата случаи после поминати одреден број на километри возилата ги оставал на паркинг .

      Вчера (09.01.) врз основа на добиена судска наредба, полициски службеници од Одделението за имотни деликти извршиле претрес во домот  на пријавениот А.А. при што се пронајдени дел од украдените  предмети  и истите се  вратени на оштетените.

Инаку против  Н.Ѓ. поднесени  се вкупно  127  кривични пријави од кои 122  се поднесени од стана на СВР-Скопје, додека пак останатите се поднесени од страна на  СВР-Охрид  и СВР-Велес за извршени кривични дела од областа на имотните деликти.

 

Противвторопријавениот С.Г. поднесени се 12 кривични пријави од кои 11 се поднесени од страна на СВР Скопје и една од СВР Битола за извршени кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против јавниот ред, а според крим евиденцијата на МВР за третпријавениот А.А. од страна на СВР Скопје  поднесена е една кривична пријава од областа на кривичните дела против животот и телото  и кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот.

 

 

Оцени ја веста

10.02.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега