Големо апсење во Велес: Падна познат бизнисмен

 

Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ против С.К.С. државјанин на Бугарија и И.Т. (53) од Велес -  извршен директор на „Транс Велес“ АД Скопје од 2001 до 2004, член на Одборот на директори на „Транс Велес“ АД Скопје од 2004 до 2007 и сопственик/управител на „Тедико Илија“ ДООЕЛ Велес- мнозински акционер во АД „Транс Велес“ АД Скопје.

Кривична е поднесена и против З.К. (58) од Скопје - претседател на Одборот на директори на „Транс Велес“ АД Скопје од 2001 до 2007 и  против петмина велешани кои членувале во Одборот од 2004 до 2007 година: Л.Т.И. (40), С.Л. (52),  Д.Л. (58), Н.Л. (50) и Н.Н. (52).

МВР информира дека првопријавениот како овластено лице - извршен директор на „Транс Велес“ АД Скопје, второпријавениот во својство на претседател на Одбор на директори и останатите пријавени во својство на неизвршни членови на одборот на директори на АД „Транс Велес“ АД Скопје, во 2005 година ја злоупотребиле службената положба и овластување.

- Иако настапила околност за отворање стечајна постапка, тие донеле одлука, а потоа и склучиле Анекс договор со кој се одобрува ставање дополнителна хипотека на недвижен имот, проценет на 307.800 евра, имот на „Транс Велес“ АД Скопје, како гаранција заради обезбедување кредитно барање на „Тедико Илија“ ДООЕЛ Велес. Поради неисполнување на обврските од страна на „Тедико Илија“ ДООЕЛ по барање на доверителот Тутунска банка АД Скопје, спроведена е постапка за извршување врз недвижноста сопственост на „Транс Велес“ АД Скопје, односно е извршена  продажба на недвижноста во вкупна вредност од 20.474.888 денари, сума за која им нанеле значителна штета на останатите акционери на „Транс Велес“ АД Скопје, информира МВР.

Исто така, СВР Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава и против лицето Ј.С. (52) од Велес, извршен директор на АД „Велеспром“ Велес  од 2000 до 2013 година, осомничен дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

- Пријавениот во својство на овластено лице - извршен директор на АД „Велеспром“ Велес во 2005 година постапил спротивно на Законот за трговски друштва, односно без одлука на надлежен орган на АД „Велеспром“ Велес (Одбор на директори и Собрание на акционери), самоиницијативно склучил штетен договор и го отстапил побарувањето во износ од 8.391.992 денари во корист на ДАТШ „Транс Велес“, соопшти МВР.

Побарувањето произлегува од инвестицииите кои АД „Велеспром“ Велес ги вложил како соинвеститор во реконструкција на објект на ДАТШ „Транс Велес“ АД Скопје, за потоа, „Транс Велес“ АД Скопје реконструираниот објект да го заложи во корист на мнозинскиот акционер „Тедико Илија“ ДООЕЛ Велес.

- Со наведеното, пријавениот нанел значителна штета на имотот на АД „Велеспром“ Велес во износ од 8.391.992 денари, во корист на ДАТШ „Транс Велес“ АД Скопје.  

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега