Охриѓанец ја искршил од ќотек сопругата среде прослава

Секторот за внатрешни работи Охрид до Основниот суд од Охрид поднесе предлог, на 34-годишниот М.K. како заштитни мерки да му се изречат: забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство, забрана за малтретирање и вознемирување на неговата сопруга, задолжително лекување од алкохолизам и задолжително лекување од психичко заболување.

Охриѓанецот на 14-ти минатиот месец видно под дејство на алкохол, вербално ја навредувал својата сопруга и и се заканувал дека ќе ја убие по што физички ја нападнал влечејќи ја за облеката и удирајќи ја со тупаници. Настанот се случил во еден хотел во Охрид при организирана прослава на празникот Св.Василиј Велики. По извршено алкотестирање, кај М.К. констатирани биле 2,75 промили алкохол во крвта.

Инаку, предлогот со заштитните мерки, СВР Охрид го поднесе со цел превенирање и заштита на жртвите на семејното насилство, почитување на основните човекови права и слободи, животот, личниот интегритет, недискриминација и родова еднаквост со должно внимание на интересите и потребите на жртвата. По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година, а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид и подрачните медицински установи во Охрид при Министерството за здравство.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега