Ја фрлиле дрогата кај соседите - скопски дилер падна во рацете на полицијата

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Н.(30), уличен дилер на хероин и марихуана, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Ф.Н. кој бил приведен од Единицата за недозволена трговија, не дал појаснување за пронајдената дрога и дигитална  вага, како и  за  тоа, од кого и од каде е пронајдената дрога. 

Кај Ф.Н. се пронајдени 88,82 грама хероин, 23,81 грам марихуана и 5,8 грама парацетамол со кофеин. Дрогата што ја набавил, ја однел дома каде, во зависност од побарувачката ја препакувал во помали количини (полиетиленски и хартиени пакувања) и ја препродавал на уживатели од Скопје. 

Во обид да се ослободат од дрогата, Ф.Н. и неговата сопруга ја фрлиле во дворот на соседите, но биле видени од полициски службеници. И во кровната конструкција на куќата е пронајдено хартиено пакување со растителна материја, како и една дробилка за марихуана, а во домот на негов роднина, кој живее во непосредна близина е пронајдена една дигитална вага, на која имало остатоци од хероин и марихуана.

Покрај тоа што е кривично пријавуван за недозволена трговија со хероин, против Ф.Н. се поднесени и две кривични пријави за извршени две разбојништва и една кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега