Откријте што сте во индијански хороскоп

Индијанците се познати по својата интуиција и поврзаност со природата, па не е ни чудно што одлично ги доловуваат карактеристиките на хороскопските знаци.

Прочитајте што сте вие во индијански хороскоп.

Сокол (21 март – 19 април) - соколот е симбол на слобода и независност, него е тешко да го скротите. Соколите се иницијатори и лидери, но знаат да бидат импулсивни. Карактеристика: динамичност

Дабар (20 април – 20 мај) - дабарот ги симболизира зависноста и комфорот. Тие се упорни и имаат неограничена трпеливост. Карактеристика: доследност

Елен (21 мај – 20 јуни) - елените се немирни и неуморни креативци. Имаат силна волја и прилично се великодушни. Карактеристика: сила

Клукајдрвец (21 јуни – 21 јули) – луѓето родени во овој знак постојано бараат сигурност и заштита, го сакаат својот дом и се искрено чувствителни. Карактеристика: чувствителност

Лосос (22 јули – 21 август) – лососите се одликуваат со моќ, горделивост, спонтаност и одлучност. Тие се храбри и амбициозни, а тоа ги прави одлични лидери. Карактеристика: самодоверба

Мечка (22 август – 21 септември) – родените во овој знак се срамежливи, дискретни, перфекционисти. Самодовербата не им е силна страна. Карактеристика: практичност

Гавран (22 септември – 11 октомври) - поседуваат голема сила, шармантни се и пријателски настроени, а поради тоа ретко се сами. Слаба точка им е тоа што знаат да бидат несигурни и недоследни. Карактеристика: дипломатија

Змија (23 октомври – 22 ноември) - Луѓето родени во овој знак имаат добра способност за расудување и интуиција, што ги прави експерти за човечката душа. Змиите се реалистични и склони кон самоконтрола. Карактеристика: преживување

Був (23 ноември – 21 декември) - бувот е симбол на мудрост и знаење. Личностите родени во овој знак се спонтани ентузијасти и идеалисти. Љубопитни се, дарежливи и доверливи. Карактеристика: мудрост

Гуска (22 декември – 19 јануари) - имаат изразено чувство за натпреварување и упорност. Тие се внимателни, независни и добро се прилагодуваат на нови ситуации. Карактеристика: упорност

Видра (20 јануари – 18 февруари) - родените во овој знак се карактеризираат со интелектуална стимулација, слободен дух и креативност. Имаат изразени вербални вештини. Карактеристика: креативност

 

Волк (19 февруари – 20 март) – волците се плашливи и внимателни, но многу се верни. Главна цел во животот е да пронајдат љубов и да ја задржат. Карактеристика: лојалност

 

 

Оцени ја веста

13.02.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега